Проект: Резиденцијален ентериер на викенд апартман
Категорија: Станбен дизајн
Апартманот за одмор се наоѓа покрај езерото во прекрасните планини, во западниот дел на земјата. Тој претставува тотално тивко живеалиште опкружено со природа, како приватно гнездо за релаксација. Крајната цел беше да се дизајнира многу едноставен и современ ентериер. Задачата беше да се изгради ентериер со високо ниво на ефикасен и економичен дизајн, приспособен према потребите на сопствениците, во кој тие ќе се чувствуваат освежувачки, удобно и опуштено во својот простор.
Во главната влезна партиција и секоја просторија низ станот, посетителите може да забележат прекрасни детали од дрвена облога на ѕидовите и плафоните, која истовремено служи и како звучна мембрана. Таа е многу дискретна низ целиот станбен ентериер.
Еден од најважните делови на станот е дневниот просторот за живеење со дизајнираната кујна и трпезарија, кои служат на функционалните потреби на сопствениците, а целта е да го подобрат искуството при нивното користење, опремен со удобен и пријатен мебел за седење и релаксација. Целокупниот ентериер е исполнет со дрвени детали, кои ја отсликуваат природата во планинската атмосфера.
Локацијата на спалните соби на сопствениците е во посебна зона, во задниот дел на станот. Оваа релаксирачка зона е дизајнирана со многу внимание на звукот и осветлувањето, со цел корисниците да доживеат максимум одмор и безгрижност. Станот е внимателно проектиран со многу простор за складирање и дополнителна вентилација.
Целиот ентериер е дизајниран со мешавина од природни елементи и материјали како дрво, стакло, камен и украсни предмети кои ја отсликуваат природата, водата и Сонцето. Низ широките прозорци во секоја соба може да се види панорамски поглед кон природните шуми и езерото.
Совет до сопствениците, додека се дизајнираше овој ентериер, беше да изградат одржливо место за хоби и одмор кое ќе трае 15, можеби 20 години или повеќе и семејството ќе расте во него. Сопствениците и дизајнерите се многу свесни за животната средина сега, така што еден стан за одмор, над животните трошоци и негово подобрување е толку ценет, што семејството ќе гради спомени во него во текот на целиот свој живот.
Апартманот е опремен со паметни уреди за регулирање на светлината, температурата и вентилацијата во внатрешноста многу лесно и едноставно. Дизајниран е и да ги намали емисиите на домашни гасови, да заштеди вода и енергија и да го намали отпадот за време на изградбата и животниот век на објектот, преку користење на соларни системи и системи за собирање капки дожд.
Филозофијата на дизајнот и инвестицијата во ентериерот, како и инвестирањето во времето на сопствениците поминато во апартманот, е да добијат врвно уживање во својот викенд дом, бидејќи тоа не е само финансиска инвестиција, туку истовремено е и емотивна. Од суштинско значење е како краен резултат да се добие современа средина, токму на начинот во кој сопствениците би сакале да живеат.
Внатрешна архитектура/ дизајн на ентериер/ 3Д визуелизација
Година на дизајн: 2022
Година на реализација: