Дизајн на екстериер

Дизајн на екстериер претставува дизајнирање на надворешниот простор од постоечки објект, преку дефинирање на визуелниот дизајн и естетика на фасадата со специфицирање на надворешни врати и прозорци, уредување на просторот околу објектот со перголи, градини, тераси, базени, итн. Опремата и материјалите кои се користат за екстериерните дизајни обично се отпорни на сезонски и екстремни надворешни временски услови.

При проектирање на екстериери се вклучени архитекти, дизајнери, пејзажни архитекти, инженери, итн. Тие планираат и дизајнираат широк спектар на проекти, како што се различни површини на земјиште, паркови и други рекреативни објекти, аеродроми, автопати, болници, училишта, поделби на земјиште и трговски, индустриски и станбени места.
Екстериерниот дизајн има сличност со архитектурата, но дизајнерите на екстериери ги користат постоечките sидови на објектот, за да го подобрат надворешниот простор со физичките квалитети и го дефинираат естетски. Понекогаш, надворешниот дизајн е сложен во зависност од големината на површината која треба да се проектира и организира со различни надворешни области за релаксирање, забава, спорт, итн. Исто така, дизајнирање на фасада неретко бара широко познавање на природни и произведени материјали што може да се користат при проектирање на конечниот дизајн на даден објект.