Индустриски дизајн

Индустриски дизајн претставува процес на дизајнирање и производство на производи за еднократна или масовна употреба. Индустриските производи имаат своја функција, форма, дизајн, боја, значителен материјал, мирис, форма, површинска обработка, намена и други карактеристики. Потеклото на индустрискиот дизајн лежи во индустријализацијата на производи за широка потрошувачка. Индустрискиот дизајн произведува производи од различни индустрии кои се преклопуваат во различни области на пазарот.

Честопати овие производи се дизајнирани за сериско производство и се произведуваат со специфични технологии, машини и алатки под специфични услови. Процесот на дизајнирање и производство вклучува тимови на дизајнери, инженери, експерти, уметници, бизнисмени итн. При нивно дизајнирање потребно е широко познавање од областа на ергономија на производи, дизајнерски техники, материјали кои се користат при производство, прототипирање, технолошки процеси на производство, современи софтвери, менаџмент, итн. Финалните продукти кои се произведуваат се дел од широк спектар на индустриски гранки. Клучот за успешно креиран производ е темелно познавање на потребите на крајните корисници на пазарот. Дизајнирање и производство на мебел исто така претставува една гранка на индустрискиот дизајн.