Проект: Ентериерен на апартман на поткровје
Категорија: Станбен дизајн
Процесот на планирање ентериерен дизајн на дом, често започнува со планирање на внатрешната архитектура на просторот презентирана преку 3Д модел. Овој проект од апартман лоциран на поткровје од станбена зграда започна со планирање на подовите, внатрешните ѕидови и распоред на електрика во време при градење на зградата.
Со цел да се дефинираат функционалните зони на отворениот простор беше додадена тв единица, која јасно ја издефинира кујната од дневната просторија, додека истовремено му придаде естетско значење на апартманот. Проектирањето на кујната беше најголемиот предизвик при процесот на дизајнирање на ентериерот, поради ограничениот простор и закосените високи плафони. Во кујнскиот мебел беа додадени мултифункционални елементи со цел максимално да се искористи ограничениот простор, како на пример лизгачката работна површина која е вовлечена во кујната кога не се користи. Дрвени вертикални греди инсталирани на ТВ ѕидниот панел, изработени од дабов фурнир, ја истакнуваат висината на таванот и излагаат софистициран впечатлив декор во собата. Отворените полици позиционирани помеѓу кујната и влезниот хол, играат замислен декоративен ѕид помеѓу соодветните зони и му даваат на просторот амбиентално чувство на голема просторија. Највисоката точка на плафонот се наоѓа во ходникот. Тој дополнителен простор кој се наоѓа во горна зона над плакарите е функционално искористен за складирање со пристап на скала. Додаден е и камин централно позициониран помеѓу дневната просторија и трпезаријата, кој не само што ги одвојува именуваните зони како декоративен елемент, туку и дополнително го затоплува просторот. Каминот претставува фокална точка во ентериерот, му дава симетрија на отворениот простор и создава додатен простор за изложба на уметнички дела и колекции.
Целиот ентериер е богат со декоративни детали и е обоен во земјени тонови од природата кој создава хармонија со високиот плафон и големата количина на природна светлина која влегува преку големите фасадни прозорци. Декориран е со слики и други декоративни предмети како дел од приватната колекција со лично значење на сопствениците на станот, бидејќи тие сметаат дека уметноста е многу лична работа. Плафоните кои паѓаат под агол создаваат дополнителна убавина во целиот дизајн на ентериерот.
Внатрешна архитектура/ дизајн на ентериер/ 3Д визуелизација
Година на проектирање: 2020
Година на реализација: 2020