Проект: Дизајн на сценографска школка
Дизајнираната школка претставува сценографски реквизит кој е реплика на вистинска отворена школка со бисер во зголемени пропорции. Дизајнирана е да се користи како главен декоративен елемент за разни сцени во затворени и надворешни простории. Нејзината големина и тежина овозможуваат лесно транспортирање и лоцирање на различни места.
Школката е произведена од полиестерска смола со калциум карбонат, завршно бојадисана на површината во бисерна нијанса.
Индустриски дизајн
Име на производот: Школка Перла
Година на дизајн: 2019
Година на реализација: 2019
Инвеститор: Надире Исмаили, Nadires Organization
https://www.instagram.com/nadires_organisation/
Производител: ЕУРОПЛАСТЕР
Фотографија: OnSet Production