Проект: Домашна винарија во продрум
Категорија: Резиденцијален дизајн
Проектот претставува проектирање на винарска визба во подрумот на инвеститорите. Подрумскиот простор е ладен, темен и релативно без влијание на вибрации и мириси, кои создаваат совршени услови за чување вино. Подрумскиот простор во почетокот на проектирањето веќе беше опремен со подни плочки со дрвен природен сив тон и ѕидна техника, кој беше подготвен да се опреми со мебел, дизајниран според потребите за креирање опуштена атмосфера, складирање и конзумирање на вино. Идејата беше дизајнот да создаде интимна пештера, подготвена за опуштена вечер или енергичен утрински тренинг. Просторот е долг и тесен, што ја услови поделбата на ентериерот во две функционални зони: влезна зона за вежбање и винарска визба.
Винарската визба е дизајнирана со акцентен ѕид опремен со дизајнирани вински полици за складирање на шишињата. Шишињата се поставени хоризонтално и исправено што ја одржуваат плутата влажна и спречуваат таложење на талогот. Веднаш до винаријата е поставена висока маса изработена по нарачка со високи удобни столчиња, како фокусна точка на просторот за дружење, дегустација и конзумирање вино. Мебелот изработен по нарачка е произведен од цврсто дрво кое е отпорно на влага и може да ги издржи ладните услови на винската визба.
Просторот во визбата е осветлен со LED светилки за создавање опуштена атмосфера без да се оштети виното. На влезот е додадена огледална површина на ѕидот за визуелно зголемување на просторот, а има и функционална придобивка за малото катче за вежбање. Мебел дизајниран со вински мотиви, поставени насекаде низ просторот, го надополнуваат целокупниот внатрешен дизајн.
Дизајн на ентериер/ 3Д визуелизација
Година на дизајн: 2023
Година на изведба: 2023