Проект: Ентериер на семејна куќа
Категорија: Резиденцијален дизајн
Во овој проект е дизајниран ентериерот на семејна куќа. Станува збор за еднокатна куќа со простор поделен на посебни зони за живеење, јадење и готвење како едно крило од куќата, и одделни зони за спиење со спална и детска соба, како и главна бања во спротивното крило на куќата.
Целиот внатрешен дизајн е дефиниран со високиот таван кој паѓа по периферијата на куќата. Високиот таван е обложен со дрвени облоги и дрвени греди кои даваат топол амбиент во дизајнот на ентериерот. Каминот претставува фокусна точка на просторот во дневната соба. Целиот внатрешен дизајн е едноставен и со пријатен амбиент.
Внатрешна архитектура/ дизајн на ентериер/ 3Д визуелизација
Година на проектирање: 2020
Година на изведба: 2020