Проект: Ентериер на двокатна куќа
Категорија: Резиденцијален дизајн
Проектот претставува ентериер на двокатна куќа. Пристапот на дизајнирање вклучуваше внимателно разгледување на искористеноста на просторот, функционалноста, естетската привлечност и начинот на живот на сопствениците.
Влезот е одвоен од станбената површина на приземјето. Дневната соба како просторна единица е изолирана како свое крило во куќата со отворен концепт со трпезаријата и кујната. Дизајнерската тема беше составена од акцентот на длабоко- синиот ѕид и користењето на светли бои во остатокот од отворениот простор како контраст. Додадени се спуштени тавани со скриени светла за пријатна атмосфера. Мебелот е изработен по нарачка, дизајниран според вкусот и потребите на сопствениците. Спалните соби се сместени на вториот кат, со акцент за приватност и персонализација.
Внатрешен дизајн/ 3D визуелизација
Година на дизајнирање: 2023 година
Година на реализација: 2023 година