Проект: Реновирање на куќа
Категорија: Резиденцијален дизајн
Целта на овој проект беше да се реновира целата куќа и да се дизајнира нејзиниот ентериер во бежови и дрвени- земјени тонови, за да се создаде топла и привлечна атмосфера. Пристапот на процесот на проектирање се одвиваше според фазите на реновирањето. Најпрвин дизајниравме нов распоред за промена на внатрешната архитектура. Додадено е дополнително крило на куќата со цел да се добие дополнителен простор за нова дневна соба. Потоа вградивме нова електрика низ целата куќа според новопроектираните функционални зони. Додадовме спуштени тавани кои ги надополнија скриените расветни тела за релаксирачка атмосфера. Конечно беа интегрирани нови подови, плочки во бањите и врати кои беа дизајнирани за комплетирање на внатрешната архитектура. Како последен чекор беше дизајнирањето на мебел, изработен по нарачка со ѕидни панели.
Сопствениците на куќата избраа топли беж- тонови за внатрешниот дизајн, со цел да создадат неутрална средина. Избраниот под од тврдо дрво е во природен, топол тон на даб. Го дизајниравме мебелот во нијанси како кремасто бежова, песок и тегет, за да го одржуваме просторот лесен и воздушен. Дизајнирањето на кујната беше забавен процес, земајќи во предвид да се постигне привлечен простор во куќата за готвење, семејни собири, брза конзумација на храна или едноставно уживање со шоља кафе. Резултатот беше пространа кујна со голем остров за готвење, многу простор за складирање и голема работна површина. Кујната е осветлена со вештачка светлина во вечерните часови и природна светлина од хоризонталниот, панорамскиот прозорец во текот на денот.
Станбената површина е поставена на спуштено ниво во однос на останатиот дел од приземјето. Ова решение овозможи монтирање на големи прозорци за големо количество природна светлина. Фокусна точка на оваа зона е интегрираниот камин со новодизајнираната клупа од камена- табла за седење до каминот, додека корисниците уживаат во топлината во долгите и студени зимски денови. Отворениот прозорец од кујнскиот ѕид овозможува сервирање од кујната до камената клупа на ТВ конзолата во дневната соба. Скалите од спуштеното ниво на дневната создаваат беспрекорни премини помеѓу различните зони од приземјето.
Бањите се дизајнирани во уникатни стилови со неутрална палета на бои за безвременска атмосфера. Прилагодено дизајнираните парчиња на мебел како акцент го надополнуваат целокупниот изглед. Со вклучување на овие елементи, постигнавме да создадеме безвременски и елегантен дизајн на бањите со неутрални тонови што зрачат со спокојство и софистицираност.
Внатрешен дизајн/ 3D визуелизација
Година на дизајнирање: 2023 година
Година на реализација: 2023/ 24
Локација: Бергиш Гладбах, Германија