Проект: Ентериер на ресторан
Категорија: Комерцијален дизајн
Различните елементи на ентериер на ресторан влијаат врз искуството на посетителите, кои се најважниот фактор при процесот на дизајнирање на јавни простории за послужување и конзумирање на храна. Притоа во предвид се зимаат концептот и приказната која ресторанот ја раскажува преку својот амбиент.
Секој детал на ентериерот од проектираниот ресторан Минт ненаметливо ја означува својата функционална вредност во внатрешниот простор кој е од отворен тип.
Централно поставениот бар е обиколен со седечката зона за послужување и конзумирање на храна, позиционирана по фасадната линија на објектот, дизајнирана со големи прозорци со панорамски поглед на градот со концепт на визуелен спој помеѓу надворешниот и внатрешниот простор на ресторанот, кој дополнително визуелно го зголемува ентериерот со ефект на релаксирачка атмосфера за конзумирање на храна и уживање на посетителите. Дрвените детали комбинирани со сивите тоновите на антрацитната боја која доминира во просторот, оддаваат акцент на елеганција во ентериерот.
Проект менаџмент/ Внатрешна архитектура: МЕТАТЕТ СТУДИО Скопје
https://metatet.com/mk/portfolio/restoran-vo-kriva-palanka/
Дизајн на ентериер/ 3Д визуелизација: Анета Мицевска
Инвеститор: Ресторан Минт
Година на проектирање: 2019
Година на реализација: 2020