Проект: Ентериерен дизајн на нотарска канцеларија
Категорија: Комерцијален објект
Нотарска канцеларија претставува канцеларија исполнета со атмосфера на одговорност и мир. Целиот внатрешен дизајн на застапената нотарска канцеларија е изработен во дрвена композиција со темни детали, спроетивно на ѕидовите со каменов дезен и зелена боја, простор исполнет со голема количина на вештачка светлина.
Во просторот се додадени многу метални и златни детали со цел да се нагласи сериозната атмосфера. Голема отворена библиотека за книги дава главна изјава во зоната за работа на нотарските асистенти. Главната нотарска канцеларија е украсена со вертикални столбови и изложбени полици со многу украси.
Менаџмент на производство, технички развој на производствени цртежи: Анета Мицевска, Сара Ацевска
Внатрешен дизајн: https://enaoffice.com/
Инвеститор: Нотарска канцеларија Армир Садики
Година на дизајн: 2020 година
Година на производство: 2020 година
Продукција: Мебел Ацевски
https://mebelacevski.com/web/mebel_post/notar-armir-sadiki/
Локација: Тетово
Забелешка: Сите фотографии се во сопственост на Мебел Ацевски