Проект: Ентериер на пентхаус
Категорија: Резиденцијален дизајн
Пентхаус претставува станбена партиција со голема внатрешна и надворешна површина, лоцирана на највисокиот кат или покрив од станбена зграда или друг тип на висок објект. Овој тип на станбена единица вообичаено е одвоена од останатите со посебен влез и зафаќа поголема површина.
Двокатниот стан содржи дневен боравок со кујна од отворен тип, три спални соби, внатрешни скали и приватен лифт за вертикална комуникација, теретана, сауна, зона за забава, техничка просторија, инфинити базен и пространа тераса со кровна градина. Пространиот ентериер од отворен тип впива голема количина на природна светлина преку големата површина на прозорци со неверојатен панорамски поглед на градот.
Дизајн на ентериер/ 3Д визуелизација
Година на проектирање: 2017