Проект: Ентериерен дизајн на премиум продавница
Категорија: Комерцијален објект
Проектот претставува ентериер на премиум продавница за продажба на ексклузивни високотехнолошки производи и брендови. Опремениот простор има ексклузивен внатрешен дизајн изработен по нарачка, кој го претставува квалитетот на производите кои се изложени за продажба.
Внатрешноста е дизајнирана во темна нијанса со многу парчиња направени од дрвени и метални детали. Секое парче мебел има уникатна дизајнирана форма која ја истакнува категоријата и врвните квалитети на производите.
Целата внатрешна опрема е изработена од различни материјали како што се обоен медијапан, иверки со меламинска фолија, ламинам, HPL панели итн. Во процесот на производство на мебелот се користени различни типови на машини како што се CNC и технологии како што се површински обложувања на преса.
Менаџмент на производство, техничка разработка на цртежи за производство: Сара Ацевска, Анета Мицевска
Внатрешен дизајн: ПЛАТФОРМА
Година на дизајн: 2020
Година на производство: 2020
Инвеститор: SETEC PREMIUM STORE
Производство: Мебел Ацевски
https://mebelacevski.com/web/en/mebel_post/setec/
Локација: Скопје Сити Мол
Напомена: Сите фотографии се во сопственост на Мебел Ацевски