Проект: Релакс фотеља со електричен механизам
Производот претставува ергономски дизајнирана фотеља, тапацирана со кожа, проектирана со електричен механизам за трансформација од седење во лежење, со метално постоље во форма на диск изработено од алуминиум и раконаслони за одмарање на рацете.
Дизајнот овозможува правилно седење подолги саати без напрегање на мускулите и лесно менување на седечката положба во лежење и одмарање.
Наменета е за опремување на канцелариски и резидентни простории.
Дизајн на мебел/ менаџмент на производство
Име на производот: А2
Категорија: Тапациран мебел
Година на дизајн: 2011
Година на производство: 2011
Производител: БРУДЕР ПОЛСТЕРМЕБЕЛ, Скопје
Забелешка: Сите фотографии се во сопственост на Брудер Полстермебел, Скопје