Проект: Софа
Производот претставува тапацирана софа дизајнирана во варијанта тросед, двосед, фотеља и аголна гарнитура, наменета за лежерно седење.
На грбонаслонот е дизајнирана со механизми за одмарање на главата, кои се ротираат под агол во распон до 90 степени према потребите на корисникот. Изработена е од дрвена конструкција, завршно тапацирана со штоф или кожа и метални ногарки од брусен инокс.
Дизајн на мебел/ менаџмент на производство
Име на производот: Сторм
Категорија: Тапациран мебел
Година на дизајн: 2011
Година на производство: 2011
Производител: Брудер Полстермебел, Скопје
Забелешка: Сите фотографии се во сопственост на Брудер Полстермебел, Скопје