Проект: Внатрешно уредување на влезна партиција од стоматолошка ординација
Категорија: Комерцијален објект
Приватна стоматолошка ординација, сместена во стан во срцето на Скопје, мораше да ги избалансира практичните медицински барања на стоматолозите со релаксирачката атмосфера што ја бараат пациентите. Дел од предизвикот беше беспрекорно да се спојат овие оперативни потреби во добредојдена и гламурозна атмосфера на овој ентериер.
Влезниот хол е дизајниран како простор каде што пациентот кој присуствува на лекарски прегледи би се претворил во гостин, уживајќи во момент на грижа за себе во топла и пријатна атмосфера.
За да се постигне ова, во дизајнот на ентериерот е вметнат заоблен, бел пулт за прием токму како фокусна точка на фоајето. Заедно со зоната за седење, во целиот простор беше додадена топла вештачка светлина, за да го подигне просторот и да му даде топла и пријатна атмосфера. Дрвени детали обоени во златна нијанса даваат флуидност во просторот за чекање што се спојува со останатите одделенија на клиниката.
Целиот внатрешен дизајн на преиемниот хол дефинира отворен простор со неговите функционални зони, сите заедно споени во една целина. Интегрираниот терацо под му дава на просторот чувство на бесконечност. Целиот дизајн е еклектичен, а сепак едноставен.
Внатрешна архитектура/ дизајн на ентериер/ 3Д визуелизација
Година на проектирање: 2020
Година на реализација: 2020