Проект: Редизајн на станбен ентериер
Категорија: Резиденцијален дизајн
Овој проект прикажува просторна композиција на реновиран станбен ентериер, новопроектиран во две насоки: мал простор и пристап на модуларно дизајнирање.
Редизајнот на ентериерот е фокусиран на квалитетот на живеење во мали простории и прашањето „Како формата на мебелот ја следи функцијата на користење“.
Новопроектираниот ентериер е современо опремен со мебел со структурни карактеристики и декоративни елементи со мотиви од традиционални орнаменти. Естетската вредност на ентериерот е акцентирана од употребените бои во пастелни нијанси и мешавината на искористените материјали со еклектични дезени. Станбената единица содржи влезна партиција, просторија за дневен престој со интегрирана трпезарија и кујна, спална соба, детска соба, тоалет со туш кабина и балкон. Ограничениот простор на секоја одделна просторија е максимално искористен при проектирање на ентериерната композиција, при што не се чувствува недостаток на одделната функционална намена. Внесеното амбиентално осветлување додатно визуелно го зголемува внатрешниот простор.
Целокупниот ентериер остава впечаток на удобен и топол дом.
Проект менаџмент/ внатрешна архитектура/ дизајн на ентериер
Година на проектирање: 2016
Година на реализација: 2016
Квадратура: 36m²